factograf
MK

Јозеф Гебелс

Јозеф Гебелс

Key facts

датум на раѓање29 октомври 1897 г.
датум на смрт1 мај 1945 г.
образованиеБонски универзитет
занимањеполитичар
место на раѓањеРајт
место на смртБерлин
сопружникMagda Goebbels
на должностапратеник во Рајхстагот на Вајмарската Република
член на партијатаНационалсоцијалистичка германска работничка партија
висина1,65м
All data from the card 11
Претседател
Карл Дениц
Претходник
Адолф Хитлер
Наследник
нема (Шверин фон Крозиг станал Водечки министер)
Претходник
новосоздадена функција
Наследник
Вернер Науман
Роден(а)
29 октомври 1897Рајт, Прусија, Германија
Починал(а)
1 мај 1945 (возр. 47)Берлин, Германија
Партија
НСДАП
Сопружник
Магда Ричел
Образование
Бонски универзитет Вирцбуршки универзитет Фрајбуршки универзитет Хајделбершки универзитет
Занимање
Политичар

Паул Јозеф Гебелс (германски: Paul Joseph Goebbels; 29 октомври 1897 - 1 мај 1945) — германски политичар и Министер за народна просвета и пропаганда за време на националсоцијалистичкиот режим од 1933 до 1945 година. Тој бил еден од најблиските соработници и најпосветените следбеници на Адолф Хитлер. Гебелс бил познат по неговото жестоко говорништво и страшниот антисемитизам. Добил докторска диплома од Хајделбершкиот Универзитет во 1921 година.

Откако нацистите дошле на власт во 1933 година, тој бил назначен министер за пропаганда. Еден од неговите први чекори била наредбата да се запалат сите книги напишани од Евреи или антинацистички автори, и ја зголемил својата контрола над секој извор на информации во Германија. По неговото назначување на таа функција, неговите напади врз германските Евреи се зацврстиле и кулминирале со Кристалната ноќ во 1938 година, првиот отворед погром од страна на нацистите.

Како голем поддржувач на војната, Гебелс направил сѐ што можел за да го подготви германскиот народ за огромен воен конфликт. До крајот на 1943, војната се претворила во огромна катастрофа за Силите на оската, но тоа само го охрабрило Гебелс да ја засили пропагандата, со тоа што ги повикал Германците да ја прифатат идејата за тотална војна и мобилизација. Гебелс останал во Берлин со Хитлер до самиот крај, а по Хитлеровото самоубиство, служел како канцелар на Третиот рајх, иако само за еден ден. Во неговите последни часови, Гебелс ѝ дозволил на жена му Магда да ги убие нивните шест дечиња. Бргу потоа, Гебелс и жена му извршиле самоубиство, тој со истрел од огнено оружје, а таа со отров.

Поврзано

Read next

In 103 languages

Text from Wikipedia, CC BY-SA 4.0 · Source article