factograf
MK
Sign in

PubMed

Key facts

создадено1997
емрежно место, пребарувач, медицинска база на податоци
земјаСАД
All data from the card 3
Истраж. центар
Национална медицинска библиотека на САД (NLM)
Воведена
1996
Мреж. место
pubmed.ncbi.nlm.nih.gov

PubMed — бесплатен пребарувач на базата на податоци MEDLINE која содржи библиографски одредници за дела од областа на медицината и биотехнологијата. Со пребарувачот раководат и го одржуваат Националната медицинска библиотека на САД (NLM) и Националните здравствени институти користејќи го системот за пребарување на информации Entrez.

Од 1971 до 1997 г. базата MEDLINE била достапна само во установи како универзитетски библиотеки. Со воведувањето на PubMed во јануари 1996 г. е овозможено приватно и бесплатно пребарување од домот или од работното место. Бесплатениот пристап за јавноста започнал да се нуди во јуни 1997 г.

Содржина

Покрај MEDLINE, PubMed нуди пристап кон:

  • постари одредници од печатини верзии на Index Medicus наназад до 1951 г. и порано
  • одредници кон извесни стручни списанија пред нивното внесување во Index Medicus и MEDLINE, како на пр. Science, BMJ и Annals of Surgery
  • мошне скорешни одредници во записите за написи пред нивно внесување во Medical Subject Headings (MeSH) и ставање во MEDLINE
  • збирка книги достпани во целосен текст и други подзбирки од материјалот на NLM
  • PMC-наводи
  • книжница на NCBI

Многу записи на PubMed имаат врска до написите во полн текст, и некои од нив се достапни бесплатно преку PubMed Central и месни огледални места како Europe PubMed Central.

Информациите за стручните списанија индексирани во MEDLINE и достапни преку PubMed стојат во каталогот на NLM.

На 27 јануари 2020 г. PubMed содржел преку 30 милиони библиографски одредници и извадоци со временски опсег наназад до 1966 г., избрани дела до 1865 г. и многу помалку дела до 1809 г. На тој датум 20 милиони записи на PubMed records биле наведени со нивните извадоци, а 21,5 милиони имаат врски до нивниот полн текст (од кои 7,5 бесплатно). Во текот на претходната деценија додавани се просечно милион нови одредници годишно. Околу 12 % од одредниците во PubMed се однесуваат на дела поврзани со ракот, чиј удел пораснал од 6 % во 1950-тите на 16 % во 2016 г. Добар удел имаат предметите „хемија“ (8,69 %), „терапија“ (8,39 %) и „зараза“ (5 %).

Во 2016 г. NLM го измениле системот, со цел да им овозможат на издавачите непосредно да исправаат грешки во одредниците на PubMed.

PMID

PMID (од анг. PubMed identifier) е единствена назнака за секоја одредница која се состои од бројка.

Поврзано

Надворешни врски

  • PubMed на Ризницата ?
  • PubMed — матична страница (англиски)
  • Ознаки и определници на полињата за пребарување на PubMed (англиски)

Read next

In 70 languages

Text from Wikipedia, CC BY-SA 4.0 · Source article