OK Go ― американскa рок група по потекло од Чикаго, а сега со седиште во Лос Анџелес. Членови на групата се: Демијан Кулаш (главен вокал, гитара), Тим Нордвинд (бас-гитара, вокал), Ден Конопка (тапани и удирачки инструменти) и Енди Рос (гитара, клавијатури и вокал), кој се придружил на групата во 2005 година, како замена за гитаристот Енди Данкан. Бендот е познат по своите креативни и најчесто нискобуџетни музички спотови кои честопати имаат детално изработена кореографија за да бидат снимени во еден долг кадар.
OK Go е основана во 1998 година, а нивни најпознати песни се Get Over It, A Million Ways и Here It Goes Again. Спотот за песната „Here It Goes Again“ освоил Греми награда за најдобро музичко видео во 2007 година.
Групата била и куќен состав за радио-емисијата This American Life чиј водител бил Ајра Глас.
Членови
Сегашни
- Демијан Кулаш – главен вокал, ритам-гитара, клавијатури, програмирање (1998-денес)
- Тим Нордвинд – бас-гитара, клавијатури, придружни вокали (1998-денес)
- Ден Конопка – тапани, перкусии (1998–денес)
- Енди Рос – главна гитара, клавијатури, пијано, придружни вокали (2005-денес)
Поранешни
- Енди Данкан – главна гитара, клавијатури, придружни вокали (1998–2005)
Времеплов

Дискографија
- OK Go (2002)
- Oh No (2005)
- Of the Blue Colour of the Sky (2010)
- Hungry Ghosts (2014)
