Тунис (арапски: تونس, Tūnis) — главен град на истоимената држава Тунис. Има 699,700 жители (во 2003).
Тунис се наоѓа на крајот на големиот Туниски Залив, поврзан со него преку Туниското Езеро и каналот кој води до пристаништето Ла Гулет. Градот се протега долж брегот и околните ридови.
