factograf
MK

американска рок-група

The Killers

The Killers

Key facts

создадено2001
емузички состав
жанралтернативен рок
All data from the card 5
Потекло
Лас Вегас, Невада, САД
Жанрови
Алтернативен рок инди-рок пост-панк нов бран хартленд-рок поп-рок
Период на активност
2001–денес
Издавачи
Island Vertigo Marrakesh Mercury Lizard King
Мреж. место
thekillersmusic.com

The Killers ― американска рок-група основана во Лас Вегас во 2001 година од Брендон Флауерс (главен пејач, клавијатури, бас) и Дејв Кунинг (главна гитара, придружен вокал). Откако по основањето промениле неколку басисти и тапанари, во 2002 година на групата ѝ се приклучиле: Марк Стормер (бас, ритам-гитара, придружен вокал) и Рони Ванучи Џуниор (тапани, удирачки инструменти). Името на групата потекнува од логото на бас-тапанот од фиктивната група која се појавува во спотот за песната „Crystal“ од групата New Order.

The Killers имаат објавено седум студиски албуми и секој нивен албум се искачил на прво место на топ-листата за албуми во Велика Британија: Hot Fuss (2004), Sam's Town (2006), Day & Age (2008), Battle Born (2012), Wonderful Wonderful (2017).), Imploding the Mirage (2020) и Pressure Machine (2021). Тие, исто така, објавиле еден компилациски албум, еден албум во живо, два албума со најголеми хитови и една божиќна компилација.

По 2016 и 2017 година, Стормер и Кунинг имале подолги паузи од групата, но тие и понатаму се официјални членови на групата. Стормер се повлекол од турнеите поради исцрпеност од патувањето, а Кунинг објавил соло-албум.

The Killers, со продадени преку 28 милиони плочи во светски рамки, се една од најуспешните рок-групи во 21 век. Настапувале во над 50 земји и на шест континенти.

Историја

Официјалното лого на групата, употребено за првпат во 2003 година
Официјалното лого на групата, употребено за првпат во 2003 година
The Killers на настап во октомври 2006 година
The Killers на настап во октомври 2006 година
Брендон Флауерс за време на светската турнеја за Day & Age
Брендон Флауерс за време на светската турнеја за Day & Age
The Killers на настап во 2009 година
The Killers на настап во 2009 година
Брендон Флауерс во 2012 година
Брендон Флауерс во 2012 година
The Killers на концерт во септември 2017 година
The Killers на концерт во септември 2017 година
The Killers на настап на Bonnaroo 2018
The Killers на настап на Bonnaroo 2018
7 images

2001–2003: Основање и почетоци

Во 2001 година, Брендон Флауерс бил отпуштен од неговата прва група, Blush Response. Тој наишол на оглас во весник во кој Дејв Кининг, 25-годишен гитарист кој една година претходно се преселил од Ајова во Вегас, барал членови за нова група. Тие основале група и ја нарекле Killers според името на измислена група од спотот за песната Crystal од New Order. Во ноември 2001 година, заедно со неодамна ангажираниот тапанар Мет Норкрос, тие снимиле две песни: „Mr. Brightside“ и „Desperate“. Еден месец подоцна, тие снимиле уште две песни: „Under the Gun“ и „Replaceable“.

The Killers донеле уникатен стил на малата музичка сцена во Вегас, која тогаш претежно била исполнета со панк, ну-метал и рап-групи. Во 2002 година на групата ѝ се приклучиле Рони Ванучи и Марк Стормер.

Во јули 2003 година, групата потпишала договор со лондонската независна издавачка куќа Lizard King Records.

2003–2005: Објавување на албумот Hot Fuss

На 19 август 2003 година, песната „Mr. Brightside“ била премиерно изведена на BBC Radio 1. На 29 септември 2003 година, песната „Mr. Brightside“ била објавена во ОК на ограничен број ЦД-а и винилни плочи. Како резултат на популарноста која ја стекнале во ОК, многу влијателни издавачки куќи од САД почнале да се интересираат за групата и тие биле поканети да настапат на музичкиот маратон кој го организирал ASCAP во Њујорк. На крајот потпишале со издавачката куќа Island Def Jam.

The Killers го објавиле нивниот прв албум, Hot Fuss, на 7 јуни 2004 година, во Обединетото Кралство под Lizard King Records и една недела подоцна во САД под Island Records. По објавувањето, Hot Fuss добил претежно позитивни критики. Големата турнеја и успехот на сингловите номинирани за Греми награда: „Somebody Told Me“, „ All these Things That I've Done “ и „Mr. Brightside“ придонеле за тоа албумот има огромен комерцијален успех. Во јануари 2005 година Hot Fuss стигнал до прво место на топ-листата во Обединетото Кралство и е сертифициран како седумкратно платинест албум во ОК и во Ирска. Исто така поминал најмногу недели на топ-листата на албуми во Велика Британија таа деценија, вкупно 173 недели. Во САД, Австралија и Канада, албумот бил сертифициран за трикратно платинест; бил платинест во Нов Зеланд и златен во Аргентина, Белгија, Германија и Франција.

The Killers биле прогласени за најпродавана нова група во светот на Светските музички награди во 2005 година. Истата година ја освоиле наградата за најдобар нов изведувач на MTV музичките награди и биле номинирани за три Греми награди. Во Обединетото Кралство, ја добиле NME наградата за најдобра меѓународна група. Во јуни 2005 година групата добила признание од Ролинг Стоун за „најпродавана нова рок-група за изминатата година“.

2006–2007: Sam's Town и Sawdust

По завршувањето на турнејата за Hot Fuss, Killers започнале со снимање на нивниот втор студиски албум.

Вториот албум на The Killers, Sam's Town, бил издаден во октомври 2006 година. Добил мешани критики; некои критичари кои го пофалиле албумот и еволуцијата на групата, а други го критикувале и исмејуваа. Особено остра критика добил од Ролинг Стоун. Албумот бил продаден во над 706 000 копии ширум светот во првата недела по објавувањето и стигнал до второ место на американската Билбордова топ-листа и на прво место на топ-листата во Велика Британија.

The Killers снимиле сесија во живо во Abbey Road Studios за Live from Abbey Road на 29 ноември 2006 година. Во декември 2006 година, групата објавила Божиќна хуманитарна песна, „A Great Big Sled“.

Во февруари 2007 година, Killers присуствувале на доделувањето на BRIT Awards во Обединетото Кралство. Групата освоила две награди: Најдобра меѓународна група и меѓународен албум. Истиот месец, спотот за вториот сингл од албумот „Bones“, режиран од Тим Бартон, ја освоил наградата за најдобро видео на NME неградите.

Во ноември 2007 година групата издала компилациски албум под името Sawdust; албумот содржи Б-страни од првите два албума од групата, реткости и необјавен материјал. Првиот сингл од албумот „Tranquilize“, во соработка со Лу Рид, бил издаден во октомври 2007 година. Албумот, исто така, имал преработка на „Shadowplay“ од Joy Division, која била снимена за саундтракот од биографскиот филм Контрола („Control “) во режија на Антон Корбијн.

2007–2011: Day & Age и пауза

Групата го ангажирала Стјуарт Прајс за да го продуцира нивниот трет студиски албум.

Песната „Human“ била издадена во октомври 2008 година и станала огромен хит ширум светот. Стиховите од песната „Дали сме луѓе, или сме танчер?“ (англиски: Are we human, or are we dancer?) предизвикале забуна и биле предмет на дебата поради граматиката (затоа што танчер е во еднина) и двосмисленоста. Во една анкета песната била изгласана за најзбунувачка песна на сите времиња.

Третиот албум на The Killers, Day & Age, бил објавен на 18 ноември 2008 година. Флауерс изјавил дека Day & Age е „како да го гледаме Sam's Town од Марс“; групата го нарекла „најразиграна плоча“ затоа што за песните од албумот се користат: саксофони, челични барабани, чембало и племенско пеење. Day & Age станал трет студиски албум на групата кој се искачил на прво место на топ-листите за албуми во Велика Британија и во Ирска.

Групата започнала светската турнеја при што настапиле на сите континенти и за прв пат биле на американските фестивали Lollapalooza и Coachella. На 5-6 јули 2009 година Killers го снимиле нивното прво ДВД во живо, Live from the Royal Albert Hall. Било објавено во ноември и се прикажувало по кината низ цел свет.

Во јануари 2010 година, групата објавила дека ќе направи кратка пауза по напорните турнеи во претходните шест години. Паузата траела околу 18 месеци, а членовите на групата се посветиле на соло проекти.

2011–2013: Враќање и Battle Born

Групата се вратила на музичката сцена на 2 април 2011 година со настап на новиот меѓународен фестивал Лолапалуза во Сантјаго, Чиле. Тие исто така на 30 април 2011 година настапиле на концертот за затворање на сезоната во Ишгл, Австрија. На 12 ноември 2011 година настапиле и на новиот фестивал Orlando Calling Festival во Орландо.

Групата се вратила во студио за да го снима четвртиот студиски албум. Во јуни 2012 година, бил објавен краток трејлер на официјалната страница на Killers VEVO, откривајќи го името на албумот Battle Born, именуван по знамето на Невада. Во јули бил објавен на водечкиот сингл „Ranaways“.

Четвртиот студиски албум на The Killers, Battle Born, бил објавен на 18 септември 2012 година. Албумот станал четврт последователен број 1 албум на Killers во Обединетото Кралство и во Ирска.

2013–2016: Direct Hits

На 16 септември 2013 година, точно десет години по нивниот прв настап во Лондон, Killers ја објавиле песната „Shot at the Night“. Било откриено дека на 11 ноември 2013 година ќе ја објават нивната прва компилација со најголеми хитови, Direct Hits. Албумот содржел песни од сите претходни четири студиски албуми, новиот сингл „Shot at the Night“ и уште една нова песна „Just Another Girl“. Издавањето на Direct Hits било проследено со кратка промотивна турнеја. Групата исто така настапила на многу фестивали во 2014 година.

На 24 мај 2016 година, групата објавила дека Марк Стормер ќе паузира од турнеите „за да оствари други образовни цели и да објави соло-албум“. Во соопштението се нагласува дека Стоермер и понатаму е вклучен во создавањето на петтиот албум на групата и дека сепак повремено ќе настапува во живо со нив во иднина. Во отсуство на Стормер, турнејскиот клавијатурист/гитарист Џејк Блантон свирел на бас-гитара.

2017–2018: Wonderful Wonderful

На 22 септември 2017 година The Killers го објавиле нивниот петти студиски албум, <i id="mwAfI">Wonderful Wonderful</i>. Албумот бил продуциран од Џекниф Ли, а водечкиот сингл „The Man“ бил објавен на 14 јуни 2017 година.

На 6 август 2017 година, било објавено дека Дејв Кининг си заминува на неодредена пауза од групата, наведувајќи ја исцрпеноста од распоредот на турнеите и желбата да поминува повеќе време со неговиот син.

Wonderful Wonderful станал прв албум на групата кој стигнал до прво место на американската топ-листа Билборд 200; исто така, се искачил на прво место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство, со што Killers прв странски изведувач чии први пет студиски албуми стигнале до прво место во ОК.

На 14 јануари 2019 година, групата ја објавила самостојната песна „Land of the Free“, а официјалниот спот за песната го режирал Спајк Ли.

2019–2020: Imploding the Mirage

На 15 ноември 2019 година, Killers најавиле дека нивниот 6-ти студиски албум под наслов Imploding the Mirage ќе биде издаден напролет во 2020 година. На 12 март 2020 година, бил издаден водечкиот сингл од албумот „Caution“ со соло на Линдзи Бакингем.

Во интервју за Ролинг Стоун објавено на 5 мај 2020 година, Флауерс и Ванучи изјавиле дека додека Кининг паузира од групата и дека без него имале потешкотии да работат на новиот албум, но тој сепак е добредојден да се врати во Killers. Тие исто така изјавиле дека иако улогата на Стормер во групата и понатаму е ограничена поради оштетувањето на слухот предизвикано од пиротехника за време на претходниот концерт во Лондон, тој сè уште е близок со Флауерс и Ванучи, бил вклучен во снимањето на албумот и се очекува да некои одбрани концерти штом ќе продолжат турнеите. На 15 јули 2020 година, групата го објави спотот за вториот сингл од нивниот нов албум „My Own Soul's Warning“ и изјавиле дека албумот ќе биде објавен на 21 август 2020 година.

2020–2021: Pressure Machine и враќањето на Кунинг

За време на викендот на издавањето на Imploding the Mirage, Флауерс открил дека групата е во студио и работи на седмиот студиски албум. Во јануари 2021 година, Дејв Кунинг се вратил во групата за заедно да го снимат нивниот седми албум. Кеунинг, исто така, рече дека тој и Марк Стормер ќе настапуваат на концерти со групата.

На 10 јуни 2021 година, Брус Спрингстин најавил претстојна соработка со Killers.

На 13 август 2021 година бил издаден седмиот албум на групата, насловен Pressure Machine. Марк Стормер и понатаму бил отсутен поради потешкотии поради COVID-19 пандемијата за време на снимањето. Pressure Machine дебитирал на прво место на официјалната листа за албуми во Велика Британија.

2021-сега: откажан осми албум и Rebel Diamonds

Во јуни 2021 година, Кеунинг потврди дека групата почнала да работи на нивниот осми албум.

На 8 јули 2022 година, за време на нивниот настап на Mad Cool Festival во Мадрид групата го претставила нивниот претстоен сингл „Boy“. Песната била напишана за време на сесиите за снимање на Pressure Machine, но не одговарала на албумот. За време на интервјуто со NME, Флауерс потврдил дека работат на нивниот осми албум и дека ќе биде објавен на почетокот од 2023 година.

На 15 август 2023 година, групата настапила во Black Sea Arena во Шекветили, Грузија. За време на изведбата на песната „For Reasons Unknown“, групата по случаен избор поканила обожаватели, од кои еден Русин, од публиката да им помогнат да ја изведат песната на сцената. По ова имало исвиркување од некои делови од публиката, а дел од обожавателите си заминале во знак на протест. Групата подоцна се извинила преку социјалните мрежи, наведувајќи дека не сакале никого да навредуваат и дека нивната порака за пријателство била погрешно протолкувана поради политичките тензии меѓу Русија и Грузија и окупацијата на грузиските територии од страна на Русија. Подоцна истиот месец, Флауерс потврдил дека осмиот албум е поништен поради тоа што не бил задоволен од насоката и изјавил „Мислам дека веќе нема да нѐ гледате како правиме ваква музика“.

На 8 декември 2023 година, групата ја издала втората компилација со најголеми хитови, Rebel Diamonds. На 25 декември, групата ја објавила четвртата нова песна, наречена „We Did It in the Name of Love“.

Членови на групата

Сегашни членови

  • Брендон Флауерс – главен пејач, клавијатури, синтисајзер (2001-денес), бас (2001, 2006),  гитара (2020-сега; во студио)
  • Дејв Кунинг  – гитара, придружен вокал (2001–2017, 2020–сега)
  • Рони Ванучи Џуниор – тапани, перкусии (2002-сега), гитара (2020–2022)
  • Марк Стормер  – бас, придружни вокали (2002–сега; пауза 2020–2022), гитара (2006, 2016–2020)

Дискографија

Студиски албуми
  • Hot Fuss (2004)
  • Sam's Town (2006)
  • Day & Age (2008)
  • Battle Born (2012)
  • Wonderful Wonderful (2017)
  • Imploding the Mirage (2020)
  • Pressure Machine (2021)

Read next

In 66 languages

Text from Wikipedia, CC BY-SA 4.0 · Source article