factograf
MK

видеоигра од 1978 година

Space Invaders

Space Invaders

Key facts

датум на издавање1978
евидеоигра
жанрпукачка игра
All data from the card 9
Изработувач
Taito
Издавач
Taito (ЈП/АЗ/ЕУ) СА/ЕУMidway ManufacturingАВСLeisure & Allied Industries
Дизајнер
Томохиро Нисикадо
Композитор
Мичијуки Камеи
Серијал
Space Invaders
Подлоги
Аркаден автомат Atari 2600, Atari 8-bit, Atari 5200, MSX, Commodore 64, рачна конзола, рачен часовник, џебен калкулатор, Famicom, SG-1000, WonderSwan, VG Pocket, мобилен телефон, iOS
Жанр
shoot 'em up
Режим
едноиграчки, повеќеиграчки
Управување
тастер и допирен екран


Space Invaders (македонски: Вселенски напаѓачи, јапонски: スペースインベーダー) — видеоигра развиена од Томохиро Нисикадо и издадена во 1978 г. за аркадни автомати. Првично, автоматите биле произведувани од компанијата Taito Corporation и биле достапни исклучиво на јапонскиот пазар, но подоцна компанијата Midway ги откупила правата за распределба во САД.

Иако според денешните стандарди играта е мошне едноставна, таа се смета за основоположник на современите видеоигри и одиграла клучна улога во претворањето на играчката индустрија во една од најголемите светски индустрии.

Играта подоцна била пренесена на многубројни подлоги и добила неколку продолженија. Верзијата за Atari 2600 ја зголемила продажбата на конзолата четирикратно, станувајќи првата „убиствена апликација“ (игра што ја зголемува продажбата на самата подлога) во историјата на видеоигрите. Space Invaders често е предмет на пародија, дел од многу други видеоигри, а пикселизираниот приказ на вонземјанинот станал иконски симбол на поп-култура и често се користи како општ симбол за видеоигрите воопшто.

Играчки процес

Играчот управува со ласерски топ што пука кон вонземјани што се спуштаат одозгора.
Играчот управува со ласерски топ што пука кон вонземјани што се спуштаат одозгора.

По жанр, Space Invaders е игра од типот shoot ’em up, во која играчот управува со ласерски топ, движејќи го хоризонтално во долниот дел од екранот и пукајќи кон вонземјани што надвиснуваат одозгора. Целта на играта е уништување на пет реда по единаесет вонземјани, кои се движат хоризонтално, а повремено се спуштаат и вертикално кон дното на екранот. Играчот располага со неограничено стреливо. Со секое погодување на вонземјанин, играчот добива поени. Како што се уништуваат вонземјаните, се зголемува брзината на движење на преостанатите, а се забрзува и темпото на звучните ефекти. Кога ќе се уништат сите вонземјани, се појавува нов, потежок бран, а играчот добива еден дополнителен живот. Бројот на нови бранови е неограничен, што ја прави играта бескрајна.

Вонземјаните се обидуваат да го уништат топот пукајќи кон него. При погодок, топот се уништува, а играчот губи еден живот. Ако бројот на животи се сведе на нула, играта завршува. Доколку кој било од противниците допре до дното на екранот, се смета за „вонземјански напад“ и играта исто така завршува. Повремено, во горниот дел од екранот се појавува „таинствен брод“ (англ. mystery ship), чие уништување носи бонусни поени. Ласерскиот топ е делумно заштитен со неколку заштитни бункери, чиј број се разликува според верзијата на играта. Овие бункери можат да бидат оштетени или уништени и од страна на играчот и од страна на вонземјаните.

Издавање

Компанијата Taito официјално ја издала Space Invaders за потребите на авторските права во април 1978 г. Играта била претставена пред деловни партнери во јуни 1978 г. Фокусот на настанот бил насочен кон играта Blue Shark, за која раководството на Taito верувало дека ќе биде поуспешна, додека Space Invaders била додадена дополнително во текот на планирањето на настанот. До јули 1978 г., компанијата започнала со масовно производство и пуштање на играта во оптек. Taito најпрво го издала стандардниот исправен аркаден автомат, кој бил најавен во август 1978 г. Следниот месец, компанијата објавила верзија со автомат во облик на маса, која во Јапонија била наречена T.T. Space Invaders („настолна“ верзија). Taito поднела барање за заштитен знак за името на играта до Јапонски патентен завод на 18 септември 1978 г.

Набргу по издавањето, програмерите забележале програмска грешка во монетоприемникот. Бидејќи дотогаш биле распределени само неколку стотици единици, Taito успеала да го поправи проблемот со замена на ROM-чиповите во уредите. Taito исто така добивала барања за поправка на звукот на играта, што Камеи открил дека се должи на кинењето на хартиената мембрана на звучникот поради честото користење. Компанијата ги заменила мембраните со поиздржлива верзија, која станала стандард во идните автомати. Била откриена и програмска грешка во самата игра, која ги спречувала нападите на вонземјаните да го погодат ласерскиот топ доколку се наоѓа во непосредна близина. Иако било можно програмирање на поправка, раководството на Taito одлучило да не врши втора замена на ROM-от, бидејќи огромната популарност на играта го правела овој потфат премногу скап. Играчите со текот на времето ја прифатиле оваа грешка како стратегија, нарекувајќи ја „Стрелба во Нагоја“ (јап. 名古屋撃ち Nagoya uchi) и „Ѕид на смртта“.

Read next

In 51 languages

Text from Wikipedia, CC BY-SA 4.0 · Source article