factograf
MK
Sign in

In situ

In situ

In situ — латински израз што може да се преведе како на самото место или како точно на тоа место.

Во биологијата и биомедицината, in situ се однесува на набљудување или проучување на појавите точно каде што се појавуваат, т.е. без движење во одреден медиум.

Во примерите на набљудување или фотографирање живи животни, тоа значи дека организмот е набљудуван или фотографиран во дивината, токму онака како што е пронајден. Кога се работи во аквариум, организмот не се преместува на друго место, туку се набљудува во затекнатата положба.

Кога терминот in situ се користи во лабораториските науки, како на пример, цитологијата може да се земе во смисла што е нешто помеѓу in vivo и in vitro. На пример, испитувањето на клетка во цел орган, недопрено од околното ткиво и/или инструменти, може да биде истражување in situ. Нема да биде in vivo ако е оштетено од експериментаторот, но нема да биде исто како кога се работи со самата ќелија, т.е. според вообичаеното сценарио на работа во in vitro опити.

Во преносна смисла, изразот in situ се користи и во многу други науки, како што се:

Поврзано

Read next

In 40 languages

Text from Wikipedia, CC BY-SA 4.0 · Source article