factograf
MK
Sign in

FishBase

FishBase

Key facts

еглобална база на видови, семрежна енциклопедија, семрежна база на податоци
земјаФилипини
опишано во изворотBaidu Baike

FishBase (изг. фишбејс) — глобална база на податоци за видови риби, најголемата и најпосетена семрежна база од овој вид на светот. Со текот на времето „се развила динамична и разновидna еколошка алатка“ која служи како извор за многу научни трудови.

Ова е сеопфатна база на видови со информации како таксономија, географска распределеност, биометрија и морфологија, поведение и живеалишта, екологија и динамика на населението, како и репродуктивни, метаболички и генетски податоци. Нуди пристап до алатки за трофиски пирамиди, назнаки за препознавање, биогеографско моделирање и риболовна статистика, а секој вид има и непосредни врски до информации во други бази како LarvalBase, GenBank, Црвениот список на МСЗП и Ешмејеровиот каталог на риби.

Во февруари 2024 г. FishBase имал описи на 36.100 видови и подвидови со 332.100 народни имиња, 65.300 слики и наводи до 67.600 дела од научната литература. Има 700.000 посети месечно.

Read next

In 48 languages

Text from Wikipedia, CC BY-SA 4.0 · Source article