factograf
MK
Sign in

AmphibiaWeb

All data from the card 4
Вид
синтетизирање и споделување информации за водоземците со цел да се овозможат истражување, образование и заштита
Дејност
херпетологија
Основано
2000, Калифорнија, Соединети Држави
Мреж. место
www.amphibiaweb.org

AmphibiaWeb — американска непрофитна мрежна страница која обезбедува информации за водоземци. Страницата е предводена од група универзитети кои соработуваат со Калифорниската академија на науките: Државниот универзитет во Сан Франциско, Калифорнискиот универзитет – Беркли, Универзитетот на Флорида во Гејнсвил и Универзитетот на Тексас во Остин.

Целта на AmphibiaWeb е да обезбеди една страница за секој вид водоземци во светот, за да можат да соработуваат истражувачите, граѓанските научници и заштитниците на природата. Го додале своето 7000-то животно во 2012 година, стаклена жаба од Перу. Од 2022 година, таму биле вметнати повеќе од 8.400 видови лоцирани низ целиот свет.

Потекло

Научникот Дејвид Вејк ја основал AmphibiaWeb во 2000 година. Вејк бил инспириран од намалувањето на популациите на водоземци низ целиот свет. Тој го основал во рамките на Проектот за дигитална библиотека на Калифорнискиот универзитет во Беркли во 2000 година. Вејк почнал да го смета AmphibiaWeb за дел од своето наследство.

Употреба

AmphibiaWeb обезбедува информации за Меѓународниот сојуз за заштита на природата, CalPhotos, Енциклопедија на живиот свет и iNaturalist, а базата на податоци е цитирана во научни публикации.

Read next

In 10 languages

Text from Wikipedia, CC BY-SA 4.0 · Source article