Предлошка:Април 2026 17 април — 107-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (108-и во престапна година). Остануваат 258 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1492 | Изабела I Кастиљска и Кристофер Колумбо склучиле договор за неговото патување до Азија преку Атлантикот. |
| 1941 | Кралството Југославија капитулирало пред нападот на Силите на Оската во Втората светска војна. |
| 1946 | Последните француски војници ја напуштиле Сирија, која стекнала независност. |
| 1961 | Инвазија во Заливот на Свињите: 1.511 кубански бегалци во САД, обучени и финансирани од ЦИА, се истовариле во Заливот на Свињите на Куба со цел да го соборат Фидел Кастро. |
| 1969 | Александар Дубчек поднесол оставка на функцијата шеф на Комунистичката партија на Чехословачка. |
| 1970 | Тешко оштетениот модул на ракетата „Аполо 13“ безбедно се вратил на Земјата со тричлениот екипаж. |
| 1971 | Излегол првиот соло-албум на Пол Мекартни „McCartney“. |
| 1975 | Војската на Црвените Кмери го зазела Пном Пен. |
| 1977 | Жените во Лихтенштајн добиле право да гласаат на изборите. |
Родени:
| 1877 | Коце Ципушев — македонски револуционер. |
| 1894 | Никита Хрушчов — советски политичар и државник. |
| 1912 | Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил — поглавар на Македонската православна црква. |
| 1916 | Сиримаво Бандаранаике — првата жена-премеиер на Цејлон (денешна Шри Ланка). |
| 1918 | Вилијам Холден — американски глумец. |
| 1923 | Линдзи Андерсон — британски режисер. |
| 1935 | Владица Поповиќ — српски фудбалер и тренер. |
| 1937 | Бранка Петриќ — српска глумица. |
| 1952 | Жељко Ражнатовиќ - Аркан — водач на Српската доброволна гарда. |
| 1951 | Хорст Хрубеш — германски фудбалер и тренер. |
| 1954 | Рикардо Патрезе — италијански возач на Формула 1. |
| 1955 | Васил Рингов — македонски фудбалер. |
| 1957 | Ник Хорнби — англиски писател. |
| 1957 | Африка Бамбата — американски хип-хоп музичар. |
| 1960 | Владимир Полјаков — руски и советски атлетичар. |
| 1964 | Мајнард Џејмс Кинан — американски пејач, член на групата „Тул“ (Tool). |
| 1967 | Лиз Фер — американска музичарка. |
| 1974 | Викторија Бекам — британска пејачка. |
| 1983 | Роберт Вагнер — германски велосипедист. |
| 1985 | Џо-Вилфред Цонга — француски тенисер. |
| 1987 | Меди Бенатија — француско-марокански фудбалер. |
| 1992 | Шкодран Мустафи — германски фудбалер. |
| 2001 | Кристијан Браун — американски кошаркар. |
Починале:
| 167 | Аницет — римски папа. |
| 326 | Александар Александриски — Александриски патријарх. |
| 858 | Бенедикт III — римски папа. |
| 1695 | Сор Хуана Инес де ла Крус — латиноамериканска калуѓерка, поетеса, композитор и филозоф. |
| 1790 | Бенџамин Франклин — американски државник, филозоф, физичар, економист и писател. |
| 1898 | Дедо Иљо Малешевски — македонски револуционер. |
| 1903 | Јордан Поп Јорданов - Орцето — македонски револуционер. |
| 1913 | Ахмед Нијази-бег — отомански војник и политичар. |
| 1984 | Радка Кушлева — бугарска народна пејачка. |
| 1993 | Тургут Озал — осми по ред претседател на Турција. |
| 2014 | Габриел Гарсија Маркес — колумбиски писател, добитник на Нобеловата награда. |
| 2018 | Барбара Буш — сопруга на американскиот претседател Џорџ Х. В. Буш. |
| 2021 | Блек Роб — американски рапер. |
| 2026 | Оскар Шмит — бразилски кошаркар. |