factograf
MK

покраина во Кина

Шандунг

Шандунг

Key facts

население95.793.065
површина156.700км²
епокраина во Кина
земјаКина
главен градЃинан
се наоѓа воКина
All data from the card 12
Држава
Кина
Главен град
Џинан
Најголем град
Ќингдао
• Вид
Покраина
• Вкупна
157.100 км2 (60,700 ми2)
Ранг
20-то
Најг. вис. (Таишан)
1.545 м
• Вкупно
101,527,453
• Ранг
2ро
• Густина
0,00.065/км2 (0,0.017/ми2)
• Ранг
5-то
Мреж. место
SD.gov.cn

Шандунг ― крајбрежна покраина во Народна Република Кина и дел од регионот Источна Кина.

Шандунг имал значајна улога во кинеската историја уште од почетокот на кинеската цивилизација по долниот тек на Жолта Река. Бил главен културен и верски центар за таоизмот, кинескиот будизам и конфучијанизмот. Планината Таишан во Шандунг е најобожавана планина во таоизмот и едно од верски најдолго обожуваните места во светот. Будистичките храмови сместени на планините јужно од Џинан (главниот град на покраината) порано биле меѓу најпознатите будистички места во Кина. Градот Куфу е родно место на Конфуциј, а подоцна се смета за центар на конфучијанизмот. Конфучијанизмот се развил од т.н. Сто школи на мислата според учењето на кинескиот филозоф Конфуциј.

Местоположбата на Шандунг, на крстосницата на древните и современите трговски патишта север-југ и исток-запад, придонеле тој да стане важен економски центар. По периодот на политичка нестабилност и економски неприлики кои започнале кон крајот на 19 век, Шандунг во последните децении доживеал брз раст. Таму живеат преку 100 милиони жители, и Шандунг се наоѓа на шесто место според бројот на население меѓу административните единици во светот и на второ место меѓу покраините во Кина. Шандунг во 2021 година имал БДП од 8,3 трилиони CNY (на трето место меѓу кинеските покраини во тој сегмент), односно 1,3 трилиони американски долари, што е еднакво на БДП на Мексико.

Надворешни врски

  • (на кинески) Shandong Government website
  • (на англиски and кинески) Complete Map of the Seven Coastal Provinces Архивирано на 12 јуни 2015 г. from 1821-1850
  • Shandong Article Encyclopædia Britannica

Read next

In 108 languages

Text from Wikipedia, CC BY-SA 4.0 · Source article