factograf
MK

хемиско соединение

Сахароза

Сахароза

Key facts

екласа на хемиски сушности
маса342 атомска единица за маса
опишано во изворотМајеров енциклопедиски речник, IV изд. (1885–1890)

Сахарозата (шеќер од трска или обичен, кујнски шеќер) е дисахарид кој се состои од гликоза и фруктоза. Хемиското име на сахарозата е - D - гликозидо (1, 5) - - D - фруктозид (2, 5).

Сахарозата е многу распространета во растителниот свет, а најмногу ја има во шеќерната трска и шеќерната репка. Се произведува со екстракција и кристализација од овие растенија, кои и за таа цел се одгледуваат. Во светот се произведува околу 30 милиони тони сахароза годишно.

Сахарозата се топи на 184 степени, се распаѓа над точката на топење, потемнува и дава карамел. Лесно се раствора во вода. Не го редуцира Фелинговиот реагенс. Под дејство на ензимот инвертаза, сахарозата се дели на гликоза и фруктоза. За време на процесот варење (дигестија), сахарозата се дели во тенкото црево.

Read next

In 88 languages

Text from Wikipedia, CC BY-SA 4.0 · Source article