factograf
MK

Грб на Туркменистан

Грб на Туркменистан
Грб на Туркменистан од 1992 до 2003.
Грб на Туркменистан од 1992 до 2003.

Грбот на Туркменистан е официјалниот грб на државата кој бил создаден по независноста на Туркменистан од СССР во 1991 година. Ѕвездата со осум краци позната и како ѕвезда на Руб Ел Хизб (۞ - симбол на исламот) е основната форма на грбот со црвени граници. Во средината има црвен диск, а околу дискот има жито. На црвениот диск има пет тепиха (гул) и во средината има син диск со приказ на акал-теке коњ, симбол на гордост на Туркмените. Покрај овој грб, постоела и округла варијанта која се користела од 1992 до 2003 година. Боите се традиционални таџички, додека теписите ги претставуваат петте основни туркменски племиња.

Read next

In 49 languages

Text from Wikipedia, CC BY-SA 4.0 · Source article