factograf
MK

Ведат Далокај

Key facts

датум на раѓање10 ноември 1927 г.
датум на смрт21 март 1991 г.
образованиеТехнички универзитет
занимањеполитичар, архитект, писател
место на раѓањеElazığ
место на смртKırıkkale
All data from the card 4
Роден(а)
10 ноември 1927Елазиг, Турција
Починал(а)
21 март 1991
Националност
Турчин
Зданија
џамија Шахџахан

Ведат Далокај (роден на 10 ноември 1927 - починал на 21 март 1991) бил познат турски архитект и поранешен градоначалник на Анкара.

Рани години

Далокај е роден во Елазиг, Турција во 1927 година. Тој завршил основно и средно образование во истиот град. По ова заминал за Истанбул, а дипломирал на Техничкиот универзитет во Истанбул во 1949 година. Во 1952 година завршил пост-дипломски студии на Институтот за урбанизам на универзитетот во Париз, Франција.

Кариера

Тој има добиени неколку награди за своите проекти во Турција. Едно од најпознатите дела на Далокај е џамија Шахџахан која се наоѓа во Исламабад, Пакистан и е една од најголемите во светот.

Во времето кога започнал конкурсот за изградба на џамија Коџатапе во Анкара, тој се пријавил на истиот и победил. Но, како резултат на контроверзни критики, неговиот проект бил повлечен.

Смрт

Ведат Далокај починал во сообраќајна несреќа, заедно со неговата сопруга и неговиот син.

Read next

In 15 languages

Text from Wikipedia, CC BY-SA 4.0 · Source article