factograf
MK

холандски велосипедист

Бој ван Попел

Бој ван Попел

Key facts

датум на раѓање18 јануари 1988 г.
висина185см
занимањевелокрос велосипедист, велосипедист
место на раѓањеУтрехт
маса75 кг
All data from the card 9
Цело име
Бој ван Попел
Роден
18 јануари 1988Утрехт, Холандија
Висина
1,85 м
Маса
70 кг
Мом. клуб
Лидл-Трек
Дисциплина
друмски велосипедизам
Улога
возач
Вид на возач
спринтер
2006–20102011–201220132014–
Рабобанк Континентал ТимЈунајтедХелткерВакансолел-ДКМТрек Фактори Рејсинг

Бој ван Попел (холандски: Boy van Poppel; р. 18 јануари 1988 во Утрехт) — холандски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Лидл-Трек. Тој е син на поранешните велосипедисти Жан Пол ван Попел и Леонтин ван дер Линден.

Професионална кариера

На 12 септември 2008, Ван Попел ја освоил петтата етапа на Трката околу Мисури. Со таа победа му го нанел првиот пораз во масовен спринт на Марк Кевендиш од Џиро д’Италија 2008 одржана во мај1. На Трката околу Британија 2012, Ван Попел постојано завршувал во првите десет на бројни етапи, што му помогнало да го обезбеди бодовниот пласман пред второпласираниот Марк Кевендиш.

Кон крајот на 2012, Ван Попел потпишал договор за сезоната 2013 со екипата Вакансолел-ДКМ, станувајќи трет член на неговото семејство кој е дел од екипата; неговиот брат Дани исто така ѝ се приклучил на екипата за сезоната 2013, како прва година професионална сезона, додека неговиот татко Жан Пол работел како спортски директор во екипата.

Ван Попел му се приклучил на Трек Фактори Рејсинг за сезоната 2014, откако неговата претходна екипа, Вакансолел-ДКМ, се распаднала на крајот на сезоната 2013. Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015.

Достигнувања

2008
1. Етапа 5 Трка околу Мисури
9. Омлоп ван хет Васланд
2009
1. Етапа 3 Тур де Норманди
1. Пролог (ТТТ) Трка Олимпија
2. Шал Селс-Мерксем
2010
1. Етапа 4 Крајц Брајц
5. Класик Шатору
6. Зелик-Галмарден
9. Дварс дор Дренте
2011
5. Краен пласман Ронде ван Дренте
2012
3. Нокере Курсе
8. Краен пласман Трка околу Британија
1. Бодовен пласман
8. Класик Хандзаме
2013
4. Кансер Кансил Хелплајн Класик
6. Ватенфал Класик
6. Амстел Курасао Рејс
2014
8. Хале-Ингоигем
2017
9. Краен пласман Три дена Де Пане

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2013 2014 2015 2016
Џиро — 131 146 СО
Тур 144 — — —
Вуелта — — 158 —

СО = се откажал; — = не учествувал

Read next

In 15 languages

Text from Wikipedia, CC BY-SA 4.0 · Source article